Исчезнаа тројца малолетници

Тројца малолетници на возраст од 15 и 16 години се пријавени на исчезнати.

Полицијата информира дека утринава во 3:30 часот во полициската станица во Тетово, Р.К. (47) пријавил дека на претходниот ден од домот во непознат правец се оддалечила неговата 16 годишна ќерка.

Пријава за исчезнато лице и во Куманово. Вчера 43 годишниот М.А. пријавил дека истиот ден околу 12 часот од домот во непознат правец се оддалечил неговиот 16 годишен син.

Од домот во непознат правец се одалечила и 15 годишната ќерка на У.А. (41). Случајот е пријавен вчера во Струмица околу 20:30 часот.

Во сите три случаи се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата.