
Засега непознат сторител во петокот претпладнето во центарот на Скопје измамил стара жена, лажно претставувајќи ѝ се како банкарски службеник кој проверува наводен фалсификат,и ѝ ја одземал целата пензија.
Според приајвата на 87-годишната Ј.Т., инцидентот се случила околу 11 часот во петокот на улицата „Народен фронт“, кога непознато лице ѝ одземало 30.000 денари.
Измамникот, носејќи некаово беџ околу вратот, ја убедил старицата којашто штотуку ја подигнала целатта пензија од банка, дека е банкарски службеник кој мора да ги провери парите порди наводно биле фалсификат.
Кога жената ги извадила парите од чантата и му ги предала, непознатиот со трчање избегало од местото на настанот.