Скопјанка крвнички претепана од невенчаниот сопруг

Млада жена од скопско пријавила дека претходно седмицава била физички нападната од својот невенча сопруг, кој притоа ѝ се заканувал со убитво.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека 29-годишната Л.А.во петокот пријавила дека пред четири дена околу 1 часот по полноќ во селото Идризово, во семејниот дом била физички нападната од страна на нејзиниот невенчан сопруг 29-годишниот П.К.

Тој повеќепати ја удирал со тупаници во носот, лицето и стомакот, кубејќи ја за косата и давејќи ја за вратот, и притоа заканувајќи ѝ се дека доколку вика ќе ја убиел.

Од физичкиот напад жената се здобила со видливи повреди во пределот на главата. Полицијата работи на целосно расчистување на случајот.