
Експертите коишто ја обновуваат статуата на исус Христос во шпанското село Сотиљо де ла Рубера во покраината Бургос откриле две пораки напишан со рака од 1777 година, во шулината на кипот.
Пораките ги напишал Жоакин Мингуез, тогашен свештеник во катедралата во блискиот град Бурго де Осма, и ги содржат неговите забележувања за прашања како што се економијата, религијата, политиката и културата, пренесуваат шпанските медиуми.
Локалниот историчар Ефрен Аројо вели дека авторот на пораките, како и уметникот кој ја изработил статуата, очигледно се надевале дека пораките ќе бидат еден ден најдени, пренесува дневниот весник El Pais. Весникот го опишува ова откритие како своевидна „времнска капусла“.
Иако е вообичаено древните скулптури да содржат сокриени простори, крајно невообичаено е тие да содржат рачно напишани документи, вели Аројо.