
Централниот комитет на ВМРО ДПМНЕ на седница закажана за денеска попладне ќе одлучува за оставката којашто ја најави партискиот лидер, Никола Груевски во интервју на 1 декември. Оставката ќе се смета за прифатена ако за тоа се сложат 130 членови на Централниот конгрес.
Централниот, потоа, треба да реши и по предлогот на Извршниот комитет за одржување на вонреден Конгрес за избор на нов претседател на партијата на 23-ти декември во Валандово.