
Илјадници приврзании на поранешнот претседател на Грузија, Михаил Сакашвили денеска протестираат во украинскиот главен град, Киев барајќи негово ослободување, јавува Асошиејтед Прес.
Како што потсетува агенцијата, Сакашвили кој стана лидер на опозицијата во Украина е уапсен во петокот под обвинение дека се здружил со украински бизнисмен поврзан со Русија, со цел да го смени актуелниот претседател на Украина, Петар Порошенко.
Сакашвили ги отфрли обвиненијата, а неговиот адвокат изјави дека во знак на протест штрајкува со глад.