
Двајца професори ќе го придружуваат амбасадорот и преговарач за името, Васко Наумовски на утрешните разговори со медијаторот Метју Нимиц и грчките претставници во Брисел.
Според информации на мкд.мк, тимот на Наумовски се проширува со професорот по меѓународно право од Правниот факултет во Скопје, Тони Десковски и професорот од Универзитето на Југоисточна Европ, Ветон Љатифи.
Дека преговарачкиот тим ќе се прошири најавија и премиерот Зоран Заев и министерот за надворешни работи, Никола Димитров, но досега нема официјална информација кој се ќе присуствува на бриселските преговори.
Освен професорите, член на преговарачкиот тим најверојатно ќе биде и уште еден висок дипломат од МНР. И неговото име засега никој официјално не го соопштува.