
Поради отсуство на министерот за правда како предлагач, одложена амандманската расправа во Комисијата за европски прашања за Предлог- законот за употреба на јазиците. Поднесените се 90 амандмани.
Членовите од ВМРО-ДПМНЕ не присуствуваа на седницата. Претседателот на комисијата, Груби ја повика опозициската партија да учествува во расправата и да гласа за предложениот закон. Вели дека не е загрозен унитарниот карактер на државата.