
Жена на возраст од 38 години е пронајдена обесена на дрво вчера попладне во скопски Карпош.
Според информациите до кои дојде КУРИР, вчера во 19:25 часот е пријавено дека во близина на ОУ Лазо Трповски обесена на дрво е пронајдена П.Л. (родена 1980 година) од скопско село.
Смртта е констатирана од итна медицинска помош.
По наредба на јавен обвинител, телото на жената е предадено на обдукција.