
Ракометарите на европскиот и македонски шампион, Вардар остварија нова победа на последниот натпревар во календарската 2017 година, со победата на гости кај Горење од 30:24 во рамките на 11-ти коло од регионалната СЕХА Газпром лига и полусезоната ја завшрија со исто толку победи.
Вардар во средата вечерта го совлада словенечниот претставник Горење. На полувреме „вардарци“ водеа со 16:12, а таа предност дополнително ја зголемија во второто полувреме од мечот.
Македа и Циндриќ постигнаа по 7 голови, со тоа што Шпанецот немаше ниту едно промашување, додека Марсениќ го заврши натпреварот со 6 погодоци. Кај поразениот тим на Горење, најефикасен беше Вердинек со 4 голови.
https://www.youtube.com/watch?v=ku_KrQso2vw