
Премиерот Зоран Заев имаше свое обраќање во средата на завршната конференција на тема „Зајакнување на младинскиот дијалог за промоција на демократските процеси во духот на евро-атлантските интеграции“, по која одговарајќи на новинарски прашања даде уверување дека Владата ќе ги исполни ветувањето.
„Започнати се сите постапки. Јас уште еднаш ве уверувам дека секој правно-формален аспект ќе го искористиме за да останеме на нашето ветување дадено пред граѓаните. Ќе направиме сè“, рече Заев одговарајќи на новинарско прашање.
Додаде дека намерата на владата е да ја спречи изградбата на рудниците.
„Сè што постои, како правно-формални опциин. Гледам дека има пропусти. Правните тимови работат. Ќе ги разгледаат сите овие резултати како заклучоци и ќе постапиме. Остануваме на нашето уверување дадено пред граѓаните во врска со рудниците“, уверува Заев.