
Дури 262 новинари се наоѓаат зад решетки ширум светот поради својата работа за собирање и објавување вести, соопшти Комитетот за заштита на новинарите со седиште во Њујорк, САД.
Исто така, Комитетот објавува дека откако од почетокот на 1990 година почнал да собира податоци и да објавува извештаи за новинари кои се затворени, последниот извештај покажува дека е урнат негативниот рекорд според бројот на новинари кои се наоѓаат „зад решетки“.
Американската новинска агеницја „Асошиејтед Прес“ објавува дека лани биле затворени 259 новинари, а годинава 262. Комитетот потенцира дека три земји во кои новинарите најмногу се затвораат се Турција, Кина и Египет.
Во Турција во затвор се наоѓаат 73 новинари, додека во Кина 41, а во Египет 20.
Комитетот напоменува дека нивната листа, која претставува преглед на новинарите кои биле уапсени само поради тоа што си ја работеле својата работа, е изработена заклучно со 1 декември, годинава. Листата не ги вклучува новинарите, кои биле задржани во затвор, а потоа биле ослободени во текот на годината.