
Околу десет часа траел претресот во домот на поранешната министерка за култура, Елизабета Канческа Милевска. Според информациите на ТВ 24 биле одземени два мобилни телефони, приватниот и еден кој и бил даден од Собранието и го користела половина година.
Освен мобилните одземен и бил и компјутерот кој е во сопственост на нејзиниот син. За време на претресот кој по налог на СЈО го потпишал судија на претходна постапка од Кривичен суд, Канческа била присутна и соработувала со полицијата.
Информацијата за претресот ја потврдил и нејзиниот адвокат Сашо Дукоски.
Според извори на ТВ 24, станува збор за нова, предистражна постапка, поврзана со дело од 2016-та година.