Рутинска победа на Јуве кај Болоња за второто место

Италијанскиот фудбалски шампион Јувентус рутинско го одработи гостувањето во Болоња победувајќи со 3:0, со што моментално е на втората позиција на табелата.

Торинската „Стара дама“ поведе во 27 минута со голот на Миралем Пјаниќ, а истиот играч во 36 минута му асистираше на Марио Манџукиќ да го совлада домашниот голман Антонио Миранте. Конечниот резултат го постави Блез Матиуди во 64 минута.

Кротоне со голот на Анте Будимир во 34 минута од натпреварот го совлада Киево. Фиорентина и Џенова, пак, одиграа без голови, а Сасуоло со голот на Алесандро Матри во 90 минута на гостувањето ја совлада Сампдорија. Домашните во 82 минута не реализираа пенал.

Во претходно одиграниот натпреварот од неделната програма на Серија А, претпоследниот тим Верона со само четири удари кон противничкиот гол со 3:0 на домашен терен го совлада гигантот Милан.

Во водство на табелата е Наполи со 42 бода, пред Јувентус кој има 41 и Интер со 40 бодови, кој во саботата на домашен терен беше изненаден од Удинезе со 1:3.

Подоцна во неделата се игра дербито на дното од табелата меѓу Беневенто, кој има само еден под освоен против Милан, и СПАЛ кој се надева дека со гостинска победа ќе може да собере доволно бодови за момент да се извлече од зоната за испаѓање од лигата. Играат уште Аталанта и Лацио.