
Италијанскиот произведувач на легендарната машка шапка „Borsalino“ банкротираше, што предизвика загриженоста за иднината на овој 160 години стар бренд.
Шапките на „Borsalino“ ги носеа десетици филмски ѕвезди како Ален Делон, Роберт Редфорд, Марлон Брандо и Хемфри Богартв во култниот филм „Казабланка“, како и новата американска пејачка ѕвезда Ријана.
Компанијата веќе неколку години има финансиски проблеми, а италијанскиот стопански суд го отфрли предлогот за договор со кредиторот „Haeresa Equite“, швајцарско претпријатие коешто го презема „Borsalino“, во врска со долгот од 21 милион евра.
Поради ова производителот на шапки е прогласен за банкротиран. Швајцарците, пак, најавија жалба и соопшти дека работата на „Borsalino“ ќе продолжи.
Марија Ленако, претставничка на државниот италијански синдикат Cgil во вторникот за весникот La Stampa изјави дека „компанијата е здрава“ и дека постои побарувачка на нејзините производи.
Во „Borsalino“ се вработени 134 лица во предградието Алесандриа, околу 100 километри источно од Торино. Основана е во 1857 година и до 1987 година беше во семејна сопственост.