СЈО со нова истрага „Странски служби“

Специјалното јавно обвинителство отвори истрага со кодно име „Странски служби“ против две лица за злоупотреба на службената положба и овластување.

Во октомври и ноември 2014 година по барање на еден од осомничените странска компанија изготвила извештај дека на подрачјето на град Скопје детектирале базни станици за прислушување.

Овој извештај требало да ја потврди тезата на поранешниот државен врв дека присушувањето го вршеле странски служби, појасни обвинителката Фатиме Фетаи денеска на прес конференција.

Во декември 2014 година, месец по изготвувањето на извештајот, компанијата надвор од законот за јавни набавки, преку дејствијата на двајцата осомничени, го добила тендерот за набавка на опрема за потребите на МВР.

Опремата била донесена во мај 2015 година и била инсталирана.