
По јавниот повик од поголема група основачи, пратеници и кандидати за претседател на ВМРО ДПМНЕ за одложување на партискиот конгрес поради забележани неправилности во постапката за кандидатура, партијата со брза реакција, пренесува Вечер.
Утре на Извршен комитет на ВМРО-ДПМНЕ, а потоа и на Централниот во четврток ќе се разгледува барањето на дел од партиското членство за одложување на Конгресот.
Иницијативата се очекува прво да ја разгледа Извршниот комитет а потоа да му предложи решение на Централниот кој би требало да се изјасни по него.
Видни претствници на ВМРО- ДПМНЕ денеска побараа одложување на Конгресот за февруари 2018-та, а предлагаат дотогаш со партијата да раководи колективно тело со три до пет члена. Меѓу потпишаните се Илија Димовски, Антонио Милошоски, екс спикерот на парламентот Трајко Вељаноски кои бараат транспарентен и легитимен процес при изборот на претседател на партијата.
„Водени од желбата за побрзо консолидирање и сеопшто обединување на сите структури и поединци од ВМРО- ДПМНЕ, водени од намера побрзо да создадеме услови за промена на неодговорната, неуспешната и неспособната власт предводена од СДСМ. Ние долупотпишаните, се залагаме за принципи и вредности, а не за личности, затоа што ВМРО- ДПМНЕ не е една личност, не е група од неколку или повеќе личности, туку е идеја за слобода, демократија и напредок на Македонија“ се вели во отвореното писмо во кое се обвинува за нерегуларности пред Конгресот и фаворизирање на само еден кандидат.
Потписниците бараат на конгресот на партијата наместо сегашните 544 делегати да гласаат најмалку 5000 членови по што идниот претседател ќе има целосен легитимитет. Предлозите од писмото предходно биле испратени до највисоките партиски функционери, но од таму немало ефективна акција, се вели во писмото.