
Акција за чистење на диви депонии започна да се реализира денеска во Кавадарци, а ќе трае до сабота.
Како што информираа од кабинетот на градоначалникот Митко Јанчев, акцијата е во организација на општинарите од новиот проект кој се спроведува од локалната самоуправа „Мој општинар“, заедно со ЈП „Комуналец“ и неколку приватни фирми. Целта е, велат, чисто и убаво Кавадарци.
Неколку фирми помагаат во реализирање на оваа акција и ги ставаат во функција своите машини за доброто на општината.
Тие учествуваат со камиони, скипери, багери, заедно со комуналното претпријатие.
Денеска се чисти на три локации. Улицата „Праведничка“ и Коњските дупки, улиците „Клинска“ и „Калница“, како и улицата „Смилица“, соопштија од градоначалничкиот кабинет