Донација од „Промоиталија“ за СОС Детското Село

Антиејџинг центарот „Промоиталија“, денеска со пакетчиња ги израдува дечињата СОС Детското Село. За помош на овие деца, „Промоиталија“ организираше хуманитарна забава насловена „Зимска бајка СОС“ во Дистрикт Бар.

Средствата кои ги собраа од „Зимската Бајка“ беа двојно зголемени со финансиска поддршка од центарот „Промоиталија“ и сопственичката  Олгица Стојимировиќ,  и донирани на нивната сметка.

„Донацијата е наменета за СОС Детско Село Скопје, која ќе овозможи на корисниците набавка на неопходни работи за зимската сезона. Покрај собраните парични средства, компаниите ДОМА и Тритекс ја потполнија нашата цел со извонредните производи од нивниот широк асортиман на производи, новогодишни пакетчиња од ДОМА и облека од Тритекс, за сите дечиња од прифатилиштето. „Промоиталија“ скоро 3 години им помага на оние на кои помошта им е најпотребна. Ќе продолжиме и понатаму со општествено одговорното работење, да ги поддржиме установите, проектите и иницијативите кои имаат за цел да овозможат поквалитетен живот на децата, лицата инвалидитет и сиромашните.“ – изјави Олгица, при посетата на Сос Детското Село.

25564781_10212135114508131_1842600943_n

Бренд амбасадорите, се горди што се дел оваа хумана мисија на центарот.

Знаеме дека зимата е еден од најубавите периоди во годините, каде со најблиските ја споделуваме среќата, уживајќи во празнците, и токму затоа, нашата идеја оваа година беше да ги израдуваме најмалите. На овие дечиња да им ја збогатиме предновогодишната атмосфера, со внимание, како што секое дете заслужива. – изјави Елена Петреска во име на бренд-амбасадорите, воедно и им се заблагодари на сите кои ја несебечнио беа дел од овој хуман проект.