
Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ вечерва одлучува дали во петок и во сабота ќе се одржи изборниот Конгрес за претседател на партијата. Каква и да е одлуката, таа ќе треба да биде потврдена од Централниот комитет, кој според најавите, ќе заседава утре.
Во пресрет на седницата на извршниот комитет на ВМРО- ДПМНЕ, Груевски вели одлуката за конгресот беше донесена едногалсно, а потписниците на писмото одговораат очекуваме да се донесе разумна одлука.
Во своето трето обракање до партиските членови по отворената трка за негов наследник, Груевски пишува дека едногласно била донесена и долуката за бројот на делегати на Конгресот.
На забелешките за фаворизирање на еден кандидат, Груевски вели ,,Јас како претседател на партијата дадов максимум што е во моја моќ да останам неутрален во процесот на избор на претседател на партијата. Иако немам таква обврска, тоа е мој личен избор. На ниту еден делегат од сите 544 не му дадов било каква насока во однос кој кандидат да поддржи.
Дел од моите долгогодишни најблиски соработници охрабруваа кандидат, кој колку што сум информиран се откажа од кандидатура. Со ништо не ги попречив во тоа. Напротив. напиша Груевски.
Тој одговора и на забелешките дека еден од кандидатите за неколку дена собрал многу потписи, додека други потенцијални кандидати се’ уште немале започнато со истото.
,,Се чини дека тука нема било какви статутарни или други прекршувања. Сите имаа доволно време да се подготват и екипираат за уште првиот ден да го започнат собирањето потписи за поддршка.
Партиски извори велат дека генералниот секретар Мицковски веке има обезбедно значителен број на потписи од делегатите, кои треба да гарантираат дека на евентуалниот конгрес во Валандово, подршката за Мицковски би била само потврдена.
Досега ниту еден од кандидатите нема поднесено кандидатура за претседател на партијата – рокот истекува утре во 15 часот.