
Никола Попоски, поранешен министер за надворешни работи и член на Извршниот комитет на ВМРО – ДПМНЕ неофицијално поднел оставка од ова партиско тело но и од сите други органи на партијата.
Во 19 часот Извршниот комитет на партијата ќе заседава, а ќе се разговара и за иницијативата на поранешни и актуелни функционери на ВМРО-ДПМНЕ за одложување на престојниот конгрес во Валандово и избор на колективно раководство до февруари наредната година кога предлагаат да се одржи вонредниот конгрес.
Никола Груевски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ во оставка на Фејсбук со став дека за Конгрес гласале сите и одлуката била едногласна.
„Напоменувам дека некои од поплаките на потенцијалните кандидати не беа поткрепени со докази и не се потврдија при проверките во нивно присуство. Тоа не значи дека тие сакале да ме излажат, но, може да значи дека добиле неточни, невистинити или непроверени информации од теренот. Има и такви случаи каде што лицето кое информирало за некое несоодветно однесување на некој од кандидатите или неговите поддржувачи едно им вели ним на оние кај кои информирало, друго или спротивно на други кои го проверуваат истото. Во некои од случаите при образложувањето на забелешките не се откриваа имиња со цел да се заштитат лицата кои за нешто ги информирале, што е легитимно, но тоа попречува било каква проверка и утврдување на фактите во ситуација кога конкурентот го негира истото. Ова значи дека забелешката може да е точна, а може и да не е точна, но нема начин да се утврди вистината“, пишува Груевски
Тој потенцира дека дел од неговите соработници поддржувале кандидатура на кандидат кој се откажал.
„Доколку е точно дека некои од претендентите за претседател и нивните поддржувачи се однесувале дрско, арогантно, заканувачки, уценувачки, иритирачки, надмено или било како несоодветно, се соглссувсм дека тоа е за осуда и дека многу говори за личноста која претендира за претседателска функција. И најавува дека така може и да продолжи ако стане претседател. Но, тоа сегашно однесување доколку било навистина такво е одлично за противкандидатот или противкандидатите на денот на гласањето. Секој нормален делегат и да дал и да недал потпис за поддршка на личност со такво однесување, при тајното гласање на Конгресот има можност да го казни кандидатот кој така пристапил: нема да гласа за негова поддршка,“ – напиша Груевски.