
Вечерва е убиено момче на улицата Џон Кенеди во скопската населба Чаир.
Според полициски информации, околу 17.40 часот од возило во движење пукано е во лицето Б.И. (24).
Повредениот Б.И. веднаш е пренесен во болница, но подлегнал на повредите.
Полициски службеници се на лице место и преземаат мерки и активности за расчистување на случајот.