
Владата на Република Македонија на синоќешната седница ја разгледа и усвои Информацијата за поднесување на Апliкација за инвестициски грант за изградба на Автопат А2 Гостивар – Кичево делница Букојчани – Кичево.
Усвоена е информацијата и за Апликација за инвестициски грант за градежни работи за рехабилитација и проширување на државниот пат А2 Крива Паланка – Деве Баир (граница со Бугарија), како дел од Коридор 8, во рамки на отворениот повик на Инструментот за инвестициска рамка за Западен Балкан (WBIF) за 2017 година.