Меј ја поддржа Полска: Вашиот устав е ваша работа

Британската премиерка Теререза Меј ѝ даде на Полска ретка доза поддршка од страна на западноевропските земји во четвртокот велејќи дека полскиот устав е внатрешно прашање, што е спротивен тон од оној на функционерите Европската унија.

Европската комисија му предложи во средата на Советот на ЕУ покренување на постапка предвидена со членот 7 од договорот за ЕУ против Полска, кој во крајна линија може да доведе до суспензија на правото на глас на земјата.

Покренувањето на постапката предвидена со членот на 7 никогаш досега не е користено, а ЕК се одлучила на тоа откако полските власти не се откажаа од реформите во полското правосудство коишто за Брисел се контроверзни и тврди дека претставуваат закана за тамошната демократија.

Запрашана за овој потег на ЕК, британската премирка Тереза Меј изјави „Овие уставни прашања… треба, во прв ред, да бидат поединечната земја на којашто тоа се однесува“.

Меј разговараше со новиот полски премиер Матеуш Моравјецки во Варшава, и ја поздрави најавата дека премиерот е разговара со Европската комисија. „Се надевам дека тоа ќе доведе до задоволувачко решение“.

Полска смета дека реформите во земјата ѝ се неопходни, а поддршка ѝ даде Унгарија којашто јасно порача дека ќе стави вето на евентуалните санкции на ЕУ кои на Полска може да ѝ го суспендираат правото на глас.

Додека ЕК се противи на настојувањата на челникот на владејачката партија Право и справедливост (PiS), Јарослав Качински да воведе владина контрола врз именувањето на судиите. Мек имаше намера да ѝ покаже на Полска дека ѝ е сојузник во преговорите за Брегзитот и воен партнер против Русија.

Моравјецки рече дека се надева оти Франција и Германија ќе го изнајдат најдоброто решение со Велика Британија околу нејзиното излегување на Европската унија.

„Длабоко се надевам и убеден сум дека напите француски и германски партнери сакаат да најдат најдобро решение во оваа нова, не баш лесна ситуација во којашто се наоѓаме во вроска со Брегзитот“, истакна полскиот премиер.