
Вчера во 19,20 часот од страна на вработена во аптека „Дива лек“ во Скопје, на ул.„Финска“ било пријавено дека од страна на непознато лице извршено е разбојништво со закана со пиштол при што е одземен дневниот промет.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.