
Осум лица настрадаа во пожарот во Лондонската зоолошка градина во саботата сно кој беа зафатени кафе и продавница за сувенири, соопшти службата за инта медицинска помош на британската престолнина.
„Укажавме помош на осум лица на самото место на инцидентот: шест од нив поради задушување од чадот, а две за незначителни телесни повреди. Еден човек е хоспитализиран во болница во северозападен Лондон“, информираше портпаролот на службата за итна медицинска помош.
Известувањето за пожарот во дежурната служба било примено во 6 часот по локално време, односно 8 часот по македонски. Во неговото гаснење биле ангажирани 10 противпожарни возила и 72 пожарникари. Според информацијата на телевизијата Sky News,вработените во зоопаркот пријавија дека во пожарот угинал мравојад.
Лондонската зоолошка градина, основана во 1928 година, е најстарата во светот. Лоцирана е во северниот дел од кралскиот Риџентс парк. Во моментов зоолошката градина е затворена за посетителите на неодреден период.