Врнежи од снег на патниот правец Крива Паланка – ГП Деве Баир

Сообраќајот на државните патишта  во неделата во раните претпладневни часови  се одвива по суви, а на повисоките и осојничави места по влажни коловози.

На патниот правец Крива Паланка – граничен премин Деве Баир има врнежи од снег, соопшти Автомотосојузот на Македонија.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.