Заменикот директор на FBI, Мекејб во 2018-та оди во пензија

Заменикот директор на американското Федерално биро за истраги (FBI), Ендрју Мекејб, планира да замине во пензија следната година откако со месеци е изложен на критиките од републиканците во Конгресот и претседателот Доналд Трмап во врска со неговата пристрасност во истрагите за републиканскиот претседател и неговата демократска ривалка и поранешна државна секретарка Хилари Клинтон, пишува весникот The Washington Post.

Повикувајќи се на лица запознаени со ова прашање, весникот пишува дека Ендрју Мекејб планира да се пензионира неколку месеци откако ќе го оствари правото на целосна пензија. The Washington Post известува дека Мекејб нема пред март да го оствари правото за целосна пензија, а кога тоа ќе го оствари има намера да се пензионира што поскоро.

Републиканците во Конгресот го критикуваа Мекејб и го обвинуваа дека е пристрасен кон претседателот Доналд Трамп кој беше нивен кандидат. Претседателот на сенатскиот комитет за правосудство, републиканецот Чак Грејсли, на новинарите оваа седмица им рече дека би сакал Мекејб да замине од FBI.

Мекејб сведочеше пред комитетите на Конгресот кои го истражуваат наводното мешање на Русија во американските претседателски избори во 2016 година, и дали кампањата на Трамп била во договор со Москва, како и незаконското користење на приватен сервер и приватна електронска пошта за службена комуникација од страна на Хилари Клинтон додека беше државна секретарка.

Мекејб беше вршител на должноста директор на FBII откако претседателот Трамо го отпушти поранешниот директор Џејмс Коми во мај. Во еден твит од јули Трамп постави прашање зошто министерот за правосудство Џеф Сешнс не го сменил Мекејб кого го опиша како „пријател на Коми“.

Трамп претходно во декември во твит напиша дека реномето на FBI е урнато, а во саботата напиша „заменикот директор на FBI, Ендрју Мекејб, трча по целосна пензија. Уште 90 дена?!!!“.

Правосудниот и надзорниот комитет на Претставничкиот дом објавија во октомври дека започнуваат нови истраги за низа долгогодишните политички проблеми меѓу кои и како FBI ја водел истрагата за серверот на Хилари Клинтон.

Републиканците велат дека сакаат до крајот да истражат зошто Комуи во јавноста зборуваше за истрагата Клинтон и објави дека бирото нема да бара покренувањето обвинение.

Републиканските пратеник Мат Гејц, член на комитетот за правосудство изјави во саботата за телевизијата Fox News дека комитетот поседува имејл доказ дека Мекејбг навестил дека Хилари Клинтон ќе добие „специјален третман“ во врска со нејзиниот неовластен имејл сервер и врските со Фондацијата Клинтон во текот на извршувањето на должноста државна секретарка.

Тој ги опишал околностите во FBI во врска со овие истраги како „крајно пристрасни во полза на Хилари Клинтон“.