
Момче кое се превезувало во автобус на ЈСП пред неколку минути било прободено со нож во Чаир, објави албанскиот портал fol.mk.
Идентитетот на момчето се уште е непознат, а според очевидци, момчето е повредено во ногата.
-Според очевидец, полицијата веднаш била присутна на местото на настанот, а жртвата веднаш била пренесена во болница, пишува порталот, кој објави и ексклузивна видео снимка.