
НЛБ Тутунска банка распродава голем дел од имотот на Фијат Цаноски и неговата компанија „Фине“, објави „Прес 24“.
Според листата за продажба на имот преку извршител која може да се најде на сајтот на НЛБ Банка, на продажба е објект и земјиште на улица „Перо Наков“ каде што беше А1 телевизија, но и земјиштето во Гази Баба како и универзитетот во Скопје.
Извршителот ја нуди на продажба и семејната куќа на Цаноски во Струга како и друг имот на семејството. Во документот стои дека имотот се располага врз основа на налог за извршување и хипотека а вкупната вредност е нешто под 15 милиони евра.