
Нашите информации говорат дека во моментов има доволно залихи и не постои инсулинска криза, изјави во средата владиниот портпарол Миле Бошњаковски, отфрлајќи го тврдењата дека има недостиг од инсулин во земјата.
„Нашите информации говорат дека во моментов има доволно залихи и не постои инсулинска криза“, истакна Бошњаковски, најавувајќи дека новиот министер наскоро ќе излезе на прес-конференција и јавноста ќе има повеќе информации за сите актуелни прашања поврзани со секторот здравство.
Здружение на лица со дијабет од Велес претходно во средата објави отворено писмо до премиерот Зоран Заев во кое укажува дека речиси цел месец нема инсулин и дека повеќе од сериозна е состојбата со лицата со дијабет во државата.
Владата на вчерашната седница дала виза на неколку законски тесктови од областа на судството, а Бошњаковски најави дека премиерот за дочек на Новата година ќе биде во Солун, на покана на градоначалникот Бутарис.