
Против две лица е поднесена кривична пријава поради тоа што претходно во декември на аватпатот од Куманово до Скопје со своите автомобили бркале камион и протоа во движење на возачот му се заканувале со вперен пиштол, информираше во средата Министерството за внатрешни работи
Секторот за внатрешни работи Куманово поднесе кривична пријава против 47-годишниот Т.С. од Скопје и 37годишниот Г.С. од Крива Паланка поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност”.
Именмо, на 8=ми декември, околу 0,50 часот по полноќ на автопатот Куманово-Скопје, пред бензинска пумпа во селото Романовце, Т.С. со автомобил „волво“, откако го престигнал од левата страна товарното возило „сканија“, управувано од 21-годишниот Д.А. од село Градско, преку прозорец извадил пиштол со цел да го запре.
Во тој момент од неговата бочна страна наишол Г.С. и со возилото започнал да го потиснува камионот кон неговата десна страна. Тој удрил во товарното возило, по што му пукнала гума и возилото на второпријавениот застанало.
Потоа, Д.А. продолжил со движење кон Скопје и во кругот на една фирма телефонски го пријавил настанот во Полициската станица Куманово, додека второпријавениот го оставил возилото на автопатот го напуштил возилото.