Девет повредени во експлозија во Санкт Петербург

Девет лица се повредени во експлозија во продавница во трговски центар во Санкт Петербург во средата, соопшти руската сојузна истражна комисија која инцидентот го означи како „обид за убиство на две и повеќе лица“.

Во болниците во северната руска престолнина се хоспитализирани девет настрадани во експлозијата, шест од нив се во состојба на умерена сериозност, тројца во задоволителна состојба, а едно лице е отпуштено, објави на Twitter заменикот гувернер на Санкт Петербург, Ана Митјанина.

Експлозијата која се случила во супермаркетот „Перекресток“, имала моќност од околу 200 грама ТНТ, пренесува агенцијата РИА повикувајќи се на иследниците.

„Истрагата ги разгледува сите можни сценарија“, се наведува во изјавата во којашто не се споменува тероризмот.

Во април во напад на бомбаш самоубиец во подземната железница во Санкт Пеербург загинаа 18 луѓе.