13.8 C
Skopje
сабота, март 1, 2025

Ограбена аптека во Порта Влае

Вработена во аптеката, како што соопшти МВР, околу 21 часот во вторникот пријавила дека непознат сторител извршил разбојништво над неа.

Сторителот со закана од нож го одзел дневниот промет и побегнал во непознат правец.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.