Почнувајќи од вечерва на полноќ, автобуските линии на ЈСП ќе престанат да пренесуваат патници бесплатно и превозот ќе се одвива нормално со наплата.
Пред само два дена беше донесена одлука дека сите автобуси кои сообраќаат на територијата на Град Скопје ќе пренесуваат патници бесплатно поради големото загадување во претходните два дена во главниот град. Еден ден по траењето на мерката, таа е укината.
„Почитувани, Ве информираме дека Одлуката од Градот Скопје за бесплатен јавен превоз во автобусите на ЈСП и во автобусите на приватните превозници, денеска 28.12.2017 г. до 24:00 часот завршува. Од утре 29.12.2017 г. Јавниот превоз ќе се одвива нормално, со наплата“, пишуваше во објавата на ЈСП Скопје на нивната веб-страница.
Објаснувањето поради укинувањето на истата е дека воздухот веќе не е толку загаден како претходно.