Заев: Отворена можноста за соработка со сите партии

Премиерот Зоран Заев во рамки на седницата за поставување пратенички прашања најави дека останува можноста за соработка со сите партии и тие кои беа досега дел од владиното мнозинство, но и со партиите од опозицијата.

Посочи дека останува можноста за отворени врати на соработка заради тоа што, како што рече, прво треба да соработуваме во интерес на граѓаните, а се надевам дека многу брзо и политички ќе се најдеме да продолжи соработката меѓу политичките партии кои досега ја составуваа Владата и беа дел од парламентарното мнозинство.