МТФК ги прогласи најдобрите за 2017 година

Македонската традиционална карате федерација денеска ги прогласи најдобрите каратисти за 2017 година.

Во сениорска конкуренција наградата им припадна на Дејан Недев, Аљоша Недев и Матеј Ангеловски, кои на Светскиот шампион во ката тим го освоија првото место.

Награда доби и Бојан Богдановиќ за освоено 1 место на Балканскиот шампионат.

Најдобра сениорка – Јадранка Недева.

Во младинска категорија признанија добија: Огнен Тасев и Берта Милевска.

Најдобри јуниорки: Мила Саздовска, Берта Милевска и Јана Милевска.

Најдобри кадети: Јана Милевска, Антонија Белазелкоска и Јелена Дробниќ.

Во категоријата каратисти деца признанија добија: Мила Младеновска, Искра Ѓеровска, Иван Трпковски, Димитри Влахо, Ведран Андоновски и Катарина Дробниќ.

Награди за придонес и развој на МТКФ добија: Петре Шилегов – градоначалник на Скопје, Дарко Каевски – директор на Агенцијата за млади и спорт, Саша Богдановиќ – градоначалник на Центар и Аце Миленковски – ректор на УТМС, Стојан Витанов – КК АБЦ и Чикос Коста – МЖ.

Тренер на годината е Ристо Обрадов од АБЦ Струмица.

Селектор на годината – Венцислав Недев.