(ВИДЕО) Автобус влета во постојка во Москва

Нов инцидент со автобус се случи во петокот во руската престолнина Москва во петокот кога возач на автобус обидувајќи се да избегне судир со друго возило ја изгубил контролата врз управувачот и влетал во автобуска постојка при што се повредени три лица, од кои две биле реанимирани од екипите на итната медицинска помош.

Министерството за вонредни ситуации соопштило дека во денешната несреќа нема починати лица, додека од полицијата истакнуваат дека три лица се повредени, а две биле оживеани од страна на лекарските екипи.

Во понеделникот, исто така, во Москва автобус покоси пешаци и влета во подземен пешачки премин при што беа усртени пет лица. И за овој случај истрагата смета дека станува збор за грешка на возачот и неусправност на возилото.