
Таканаречената „безбедна зона“ кај берлинската Бранденбуршка порта каде што жените можат да пријават сексуално вознемирување во текот на прославата на Новата година, покрена бурна расправа во Германија.
Подрачјето во коешто ќе бидат волонтери на германскиот Црвен крст е замислено како одвоено место во коешто засолниште може да најдат жените кои се цел на сексуално вознемирување или не се чувствуваат пријатно на други простори.
Берлинската полиција доцна во петокот објави дека таа го повикала организаторот на новогодишната прослава да воспостави таква зона и дека го поддржува таквиот концепт. Меѓутоа, лидерот на полицискиот синдикат Рајнер Вендт ја критикуваше оваа идеја тврдејќи дека таа имплицира дека постојат и „небезбедни зони“.
„Тоа е поразувачка порака и крај на рамноправноста на половите, слободата на движењето и личната автономија“, истакнува Вендт во разговорот за саботното издание а весникот Neuen Osnabruecker Zeitung. Оценува, исто така, дека жените треба насекаде да се чувствуваат безбедно.
Прашањето на сексуалното вознемирување на масовните настани е актуелна тема во Германија од прославата на Новата година во повеќе германски градови, особено во Келн, кога голем број ени пријавија дека биле сексуално вознемирувани, напаѓани па дури и имаше случаи на силувања. По тие настани во центарот на Келн поднесени се повеќе од 1.200 жалби до полицијата и обвинителството, а речиси сите пријавени беа од северноафриканско или арапско потекло.
Се очекува дека и другите германски градови ќе воспостават слични зони за неделната прослава, а таква зона веќе постоеше на годинешниот Октобарфест во Минхен.