Дедо Мраз пристигнува на плоштадот „Македонија“

Изминуваат последните часови од старата година, расположението во Скопје го достигнува својот максимум на нашата „Улица на радоста“ на плоштад „Македонија“ е највеселото место особено за најмладите.

Илјадници наши сограѓани не посетија во изминатите денови, се забавуваа со детската новогодишна програма, прошетаа и си одбраа подароци или пак само се стоплија со вкусните топли напитоци.

Утре е последниот ден од оваа година и традиционално во 12 часот на пладне го очекуваме доаѓањето на Дедо Мраз на плоштад „Македонија“, а Град Скопје и оваа година се потруди да понуди  интересна и богата програма за најмладите.

Годинава, најпознатиот  дедо на светот , заедно со своите придружници во Скопје ќе пристигне во еко мобил и ќе ни ја пренесе пораката дека мораме да ја чуваме планетата, да се грижиме за екологијата и дека секој од нас може и мора да продонесе за почиста животна средина.

Дедо Мраз ќе го пречекаат Златните Славејчиња а по неговото пристугнување тој со неговата дружина ќе ја одиграат претставата „Дедо Мраз во пензија“ и ќе и се придружат на веселата музичка парада.

Новата Година на сите деца во Скопје ќе им ја честита градоначалникот на град Скопје Петре Шилегов.