
Најмалку едно лице е повредено во саботата откако оган се проширил на дванаесеткатница во центарот на северниот англиски град Манчестер, објавија полицајците и пожарникарите.
Манчестерските полицајци објавија на Twitter дека сѐ уште се борат против пожарот кој од деветтиот се проширил на уште неколку ката.
„Борбата против огнот и натаму трае, а засега во болница е однесено едно лице коешто се отруло со гас“, истакнаа пожарникарите, додавајќи дека пожарот е ставен под контрола.
Полицијата ги евакуирала жителите од блокот на пожарот со кој се справуваат дванаесет пожарникарски тимови. Улиците во северниот кварт на Манчестер, исто така, се затворени. Локалните власти ги советуваат жителите да ги затворат прозорците и вратите.
Портпаролката на службата за брзата помош соопшти дека екипи се испратени на местото на настанот, но во моментов не се достапни дополнителни информации.