
Неидентификуван маж отворил оган во саботата вечерта на улицата околу 300 метри од Црвениот плоштад во центарот на Москва при што се ранети две лица, изјавиле од министерството за внатрешни работи на руската престолнина.
Според првичните информации причина за пукањето била кавга меѓу двајца минувачи, по што едниот од непознато огнено оружје стрелал во две лица кои ги ранил и побегнал од местото. Во полициското соопштение се додава дека на местото на инцидентот работат иследници, а настраданите биле пренесени во болница.
Според полициски извори на агенцијата РИА, на адресата од која пристигнала пријавата за пукањето имало бар и „не е исклучено дека конфликтот под дејство на алкохол“, и додал дека се проверува таа информација.
Во руската престолнина по повод новогодишните и божикните празници зголемено и нивото на безбедност, но според шефот на регионалниот оддел за безбедност, Владимир Черников, станува збор за традиционални мерки кои се преземаат за обезбедување на масовни настани кои се бројни во Москва поради празниците, како и зголемениот број на странски и домашни туристи.