Реми на Рома и Милан, прва победа на Бенвенето

Во 19-то коло од италијанското фудбалско првенство Рома во саботата на свој терен против Сасуоло одиграа само 1:1, а на домашните им беа поништени два гола по прегледување на видео асистенцијата, и тоа поради офсајд.

Рома поведе во 31 минута со голот на Пелегрини по асистенција на Един Џеко, а ремито на Сасуоло му го донесе Симоне Мосироло во 78 минута. Рома во моментов е на четвртата позиција на табелата со 39 бодови, додека Сасуоло освои вреден бод во бегството од местата кои носат во понизок ранг на натпреварување и собра 21 бод со кој е на 14-то место.

Последнопласираниот Бенвенето, кој доста ова коло имаше само еден бод освоен против Милан на својот терен, дури во 19-то коло ја забележа првата победа во Серија А. Стрелец за победата беше во 64 минута 29-годишниот италијански напаѓач Масимо Кода, кој поголемиот дел од кариерата ја мина во нисколигашките клубови. Бенвенето така собра 4 бодови и речиси сигурно е второлигаш, додека Киево остана на 13-то место со 21 бод.

Болоња пред своите навивачи беше поразена од Удинезе со 1:2. Домашните поведоа со автоголот на Данило во 27 минута, а потоа за гостите стрелци беа Силван Видмер во 37 и Кевин Ласања во 48 минута. Болоња е 12-та со 24 бодови, додека Удинезе се искачи на седмата позиција со 27 бодови.

Сампдорија успеа да го совлада слабиот СПАЛ со 2:0, а и двата гола паднаа во судиското продолжение. Стрелец беше Фабио Квараљарела во втората минута од продолжението од пенал а погоди и по две минути. Сампдорија собра 30 бодови и е на шестото место, додека СПАЛ е на границата од позициите кои водат во втората лига, 17-ти е со 15 бодови.

Торино и Џенова ги поделија бодовите без голови. Торино е на десеттото место со 25 бодови, додека Џенова е 16-та со 18 бодови.

Аталанта во Бергамо беше поразена од Каљари со 1:2. Гостите поведоа преку Леонардо Паволети во 6 минута и Сомоне Падоан во 23 минута, додека домашните го ублажија поразот преку Алехандро Гомез во втората минута од судиското продолжување на мечот. Аталанта така не успеа да направи пробив на табелата и остана на 9-то место со 27 бодови колку што имаат и подобро пласираните Удинезе и Фиорентина. Каљари, пак, дојде до важни бодови во борбата за опстанок и сега има 20 бодови кои му се доволни за 15-та позиција, прескокнувајќи ја Џенова.

Во првиот дуел од саботната програма на италијанската Серија А, фудбалерите на Фиорентина и Милан одиграа 1:1 (0:0) на стадионот „Артемио Франки“ во Фиренца. Домашните во текот на поголемиот дел од средбата беа подобри и дојдоа во водство во 71 минута, кога на додавање од Брањи погоди Џоване Симеоне, но само по три минути „миланезите“изедначија со голот на Хакан Калханоглу. Фиорентина е седма со 27 бодови, додека Милан по серијата лоши резултати е на 11-та позиција со 25 бодови.

Во петокот Наполи на гостувањето го совлада Кротоне со 1:0 и ја обезбеди есенската титула со 48 бодови. Погодокот го постигна Марек Хамшик во 17 минута, што е негов 117 гол во дресот на Наполи, а со неколкуте голови во последните кола го мина на листата на најдобри клупски стрелци легендарниот Аргентинец Диего Армандо Марадона за два гола. Кротоне е на 18-то место со 15 бодови и му претстои грчевите борба за зачувување на прволигашкиот статус.

Вечерва играат уште Интер кој го пречекува Лацио во дербито на колото, додека второпласираниот Јувентус ѝ гостува на Верона.