
Осумгодишен пешак е тешко повреден откако во централното подрачје на Куманово бил во саботата попладнето удрен од автомобил, информираше во неделата Министерството за внатрешни работи
Несреќата се случила во 15,30 часот на улицата „Перо Чичо“ пред главниот влез на кумановскоот средно училиште „Гоце Делчев“ , кога автомобил „БМВ“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од 40-годишниот Т. Т. (1977) од Куманово удрил во пешак Т.С., роден 2009, исто така, од Куманово.
Во незгодата пешакот Т.С се здобил со тешки телесни повреди, по што е пренесен во Медицински центар Куманово каде му е укажана лекарска помош, но поради сериозноста на повредите е препратен во Ургентен Центар при Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Увид на лице место извршила екипа од Секторот за внатрешни работи од Куманово.