
Според МВР, несреќата се случила на регионалниот пат Ресен – село Царев Двор, а е пријавена во саботата попладнето, а со возилото управувало непознато лице кое веднаш избегало.
Педесет и едногодишниот З.Ч. од село Горно Дупени е тешко повреден откако во него удрило патничко моторно возило со засега непозната марка и регистарски број.
Според МВР, несреќата се случила на регионалниот пат Ресен – село Царев Двор, а е пријавена вчера попладне. Со возилото управувало непознато лице кое веднаш избегало.
З.Ч. е пренесен во Медицинскиот центар – Битола. Увид на лице место изврши екипа од Полициската станица – Ресен.