Земјотрес од 4,9 степени во близина на Атина

Земјотрес со јачина од 4,9 степени според Рихтер ја погоди Атина и централна Грција рано утрото во неделата, а засега нема податоци за штети.

Националната опсерваторија на Атина информираше дека земјотресот се случил во 6,о2 часот во Коринтскиот залив, на длабочина од пет километри.

Според Американската служба за геолошки истражувања (USGS), епицентарот бил на 79 километри северозападно од Атина.