Во Турција уапсени 12 академици

Полицијата во Турција приведе 12 од 1.000 академици кои потпишале декларација со која се осудува воената операција против курдските бунтовници во југоисточна Турција.

Притворените академци се предавачи на Универзитетот Кочаели во северозападна Турција.

Според турските медиуми полицијата планира апсење на уште девет академици од истиот Универзитет.

Апсењето на академиците уследи откако претседателот Реџеп Таип Ердоган остро ги критикуваше потписниците на декларацијата и апелираше до судството да дејствуваат против „предавството“.

Во декларацијата потпишана од повеќе од 1.000 академици од Турција и од други земји апелираа до турските власти да ги запрат „масакрите“. Потписниците побараа и обновување на мировните преговори со бунтовниците.