Делчево ќе ги прекрстува улиците

Општина Делчево ќе изготвува листа на имиња на улици, плоштади, мостови и на други инфраструктурни објекти на подрачјето на општината. Како што истакна Маја Стоименовска, одговорно лице од општина Делчево, предлози до локалната самоуправа можат да доставуваат сите граѓани.

– Според Законот за определување имиња на улици, плоштади, мостови и на други инфраструктурни објекти, може да се предлага име со географско, етнографско, историско и друго обележје, име на истакната личност од одбласта на историјата, науката и културата, други соодветни имиња, како и име на значаен настан и датум. Предлози можат да даваат сите заинтересирани граѓани, институции, јавни установи, фирми и други – рече Стоименовска.

Таа додаде дека заинтересираните можат да предложат можни имиња во писмена форма со кратко образложение.Предлозите треба да се доставуваат до општина Делчево, односно до Комисијата за именување улици, која ќе ги земе во предвид сите предлози пристигнати до 15 јануари годинава.