
Осум лица се полесно повредени во три од вкупно 11 сообраќајки регистрирани во текот на вчерашниот ден на подрачјето на СВР Скопје. Во осум сообраќајки е причинета материјална штета.
Од МВР информираат дека вчера сообраќајната полиција открила и санкционирала поголем број прекршоци.
Еден возач поминал на црвено светло и двајца пешаци не ја поминале улицата на пешачки премин.
Од сообраќај биле исклучени еден возач кој возел под дејство на алкохол и 10 возачи пред да се стекнат со право на управување на моторно возило, како и четири нерегистрирани возила. Затекнати биле 88 непрописно паркирани возила.
Со помош на специјалното возило пајак, отстранети се 85 возила.