Повеќе од 112.000 граѓани и фирми имаат блокирани сметки

Од 1-ви јануари минатата година стапија на сила нови помеки правила според коишто постапуваат извршителите, но се чини дека тие не влијаат многу врз намалувањето на бројот на блокираните трансакциски сметки.

Според најновите податоци на Народна Банка (НБРМ), вкупниот број граѓани и фирми со блокирани сметки заклучно со септември 2017 година изнесувал 112.491 во банките, од кои 80.870 се физички лица а 31.621 се правни лица.

Ова е на речиси исто ниво со септември 2016 година, кога имало 112.612 блокирани.

Министерството за труд и социјална политика и Комората на извршителите минатата седмица потпишаа меморандум со кој извршителите се обврзуваат да не ги блокираат сметките на примателите на социјална помош.

Извршителите ќе имаат пристап до посебен електронски регистар, така што веднаш ќе имаат увид дека станува збор за луѓе од ранлива категорија.